Неочекувано име пристигнува во Барселона

Шпанскиот весник „Марка“ пренесува дека од редовите на Барселона се заинтересирани во своите редови да го донесат фудбалерот на Вилјареал, Пабло Форналс.

Шпанскиот фудбалер исто така е трансфер мета и на Арсенал, но „Марка“ известува дека во трката Барселона има мала предност.

Форналс импресионира со своите игри за „жолтата подморница“, а се претпоставува дека клубовите за неговите услуги ќе треба да ја платат откупната клаузула од 22 милиони фунти.