Нешто не „штима“ во Интер: Италијанецот сака да замине што е можно побрзо…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Спалети оваа сезона не смета сериозно на него. Антонио Кандрева е фрустриран.

Се кае што одби да премине во Монако, а имаше шанса да го облече дресот на тимот кој сакаше да направи размена со Интер, за италијанскиот клуб да го доведе во своите редови Кеита Балде.

Кандрева остана во Интер, но од тогаш забележа само четири старта, а двапати влезе од клупата за резерви.

Истакнува дека е незадоволен со својот статус и дека сака да замине. Нема да ја повтори грешката од пред неколку месеци и изгледа дека во јануарскиот преоден рок ќе го облече дресот на Торино.

Торино го следи него и подготвени се да му понудат договор, а овој 30-годишен крилен напаѓач со задоволство ќе прифати.

Се споменува дека Торино би можел најпрво да го донесе на позајмица, а Интер е подготвен да се откаже од овој искусен фудбалер кој во 2016. година премина во редовите на „Нероаѕурите“, а дотогаш четири години го носеше дресот на Лацио.