„Не би сакал да сум му во кожа на Ковач, ако загуби од Дортмунд!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен минатиот викенд уште еднаш ги разочара своите навивачите, зашто одигра само 1-1 против Фрајбург и така ја продолжија кризата.

Тренерот Нико Ковач летоска дојде на клупата на Баварците, но не се прилагоди добро во клубот од Минхен.

Баерн имаше досега неколку недозволиви грешки поради кои сега разликата со лидерот Борусија Дортмунд е четири бода.

Шанса за поправка Баерн ќе има во големото дерби токму со Дортмунд, а јасно е дека Хрватот е под голем притисок, а германските медиуми пишуваат дека би можел наскоро да добие и отказ.

„Ова за него е важен натпревар против Дортмунд. Доколку го загубат тој натпревар навистина не би сакал да сум му во кожата на Ковач. Ова стаа Баерн од кој повеќе никој не се плаши“, порача Матеус.