„Не е Барселона слаб тим, туку Јувентус е силен!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилецот во дресот на Јувентус го одигра својот прв натпревар против Барселона, тим од кој минатата сезона се пресели во Торино.

Алвеш кажа дека победата на Јувентус е заслужена и тоа е поради тоа што Јувентус е посилен од Барселона.

„Одигравме одличен натпревар во поглед на интензитетот во одбраната, не и остававме многу простор на Барселона, а тоа им ги отежна работите.“

„За овој резултат е заслужна силата на Јувентус. Одигравме одлично за да дојдеме до победата.“

„Мораме да бидеме внимателни во реваншот, против ПСЖ видовме што се случи. Ако го задржиме истиот интензитет и постигнеме гол во гости, можеме да ја исфрлиме оваа неверојатна екипа. Мора да се бориме, нема да биде лесно, но веруваме во себе.“