„Не е вистина дека не се сакаме“


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Додека во медиумите кружат приказни дека Бредли Бил и Џон Вол не се сложуваат, 2-та најдобри играчи на Вашингтон велат дека работите меѓу нив функционираат совршено.

    Џон Вол изјави дека помеѓу него и бил постои голема почит.

    „Кога имате 2 најдобри играчи во екипата кои сакаат да шутираат во одлучувачки моменти, секогаш постојат проблеми.“

    „Но освен тоа, ние 2-ца сме во одлични односи. Ние 2-ца често разговараме. Сите би сакале ние да не се почитуваме.“

    „Но, ние не се мразиме.“

    Бил го смета Вол за член на своето семејство.

    „Понекогаш не се сложувате со помладиот или постариот брат, но мора да ги сакате. Тие ви се семејство. Така е со мене и Џон.“