„Не е крај, знаеме што му се случи на ПСЖ!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус во првиот натпревар од ¼-финале ја победи Барселона со 3:0.

Тимот од Торино со оваа победа ја однесе Барселона пред лоша позиција. Тимот на Алегри беше доминантен и сосема заслужено победи.

„Одигравме добро против Барселона. На крајот победивме со 3:0 и тоа е добар резултат за нас. Но тоа не е крајот. Ние знаеме што му направија тие на ПСЖ и мораме да се подготвиме за наредниот натпревар.“

„Внимателни сме. Барселона има одлични играчи во свои редови и пред нас е тежок натпревар во Шпанија.“

Пјаниќ одигра добро против Барселона. Тој му асистираше на Киелини во 55-та минута за гол.