„Не е срамота да се изгуби 7:0 на Ноу Камп…“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Беше ова тешка вечер, но се случува на вакво ниво“, рече стратегот на шкотскиот шампион.

Менаџерот на Селтик Брендан Роџерс беше депресивен после убедливиот пораз од Барселона на Ноу Камп, но не смета дека резултатот од 7:0 беше срамотен за неговиот тим.

Селтик после промашениот пенал на Дембеле во 24 минута влезе во „машината“ на Барса која ги сомели до самиот крај на натпреварот.

„Од професинална страна никогаш не е пријатно такво нешто. Промашивме пенал, тоа беше важен момент. Брзо беше 2:0 и тогаш се разочаравме. Останатото беше комбинација на нашиот замор со нивниот квалитет. Се чувстуваме фрустрирано, пробувавме да чуваме простор, но тие имаат квалитет и брзина. Тие се европски врв и затоа се таму каде што се. Ние ќе учиме во оваа ЛШ. Беше ова тешка вечер, но та се случува на вакво ниво. Не е срамота да се изгуби 7:0 на ова место“, рече Роџерс.

Селтик за две недели на својот терен го дочекува Манчестер Сити, но тоа ќе биде ново искушение за екипата на некогашниот менаџер на Ливерпул.