„Не ни беа досудени два пенали!“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Екипата на Интер вчера во дербито од 23-то коло во Серија А беше поразена од Јувентус во Торино со 1:0.

Одличен натпревар беше виден во Торино, а на крајот еден гол го реши победникот. Гол постигна Квадрадо во финишот на првиот дел, а по натпреварот Пиоли имаше што да каже за судењето во овој натпревар.

„Имаа судиите неколку катастрофални одлуки во првиот дел. Не ни досудија два пенали, а кај едниот дополнителниот судија беше одалечен само 23 см.“

„Имаше многу нетрпеливост до крајот и тоа поради црвениот картон за Перишиќ. Но повторувам дека не ни досуди два пенали. Стартот на Манџукиќ беше за пенал, а исто така и лактот на Киелини.“

Јувентус ја продолжи големата серија и се поблиску е до титулата.