Не очекува одлична трка:Сепанг доби нов асфалт


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    ГН на Малезија овој викенд ќе се вози на целосно нов асфалт.

    Патеката Сепанг целосно е реконструирана, па така се е подготвено за продолжение на битката помеѓу Розберг и Хамилтон.

    „Асфалтот е целосно нов, па така возачите најверојатно ќе се чувствуваат како да возат на нова и целосно поинаква патека. Исто така, го средивме и проблемот со подземните води кој го имавме.“

    Сепанг се наоѓа на 50 километри од главниот град Куала Лумпура. Една од ретките трки на која се вози и Ф1 и Мото ГП, а како што се дозна, со новиот асфалт, ќе биде многу потешка за возачите и пневматиците.