„Не си ти социјален случај!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Даглас Коста е приморан во јавноста да зборува помалку за новиот договор во Баерн.

Коста стигна во тимот во 2015 година од Шахтјор и оваа сезона игра прилично добро во дресот на Баерн.

Тој се појави со изјави во медиумите дека е несреќен во Баерн и дека немаат добри односи со Ули Хоенес.

„Беше тоа очајнички обид на Коста да избори поголема плата. Тоа така не оди кај нас. Може да се обидеме уште 10 пати на овој начин, но нема да успее. Тој не е социјален случај.“

Коста во претходниот период се поврзуваше со клубови од Шпанија, Франција и Белгија, а има договор со Баерн до 2020 година.