„Не сум лут, Мурињо е прекрасна личност!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако Депај не играше многу кај Мурињо, сепак тој вели дека Мурињо е добра личност и инсистира на тоа дека не е лут на него поради трансферот во Лион.

Овој играч за 16 милиони фунти премина во Франција.

Пред да замине, во ПЛ одигра само 20 минути од почетокот на сезоната. Минатата сезона, кај Ван Гал одигра 45 натпревари во сите натпреварувања.

Иако не го сметаше за важен фудбалер, Мурињо го пофали ставот на Депај при заминување и изјави дека може слободно да се врати во клубот во иднина.

„Тој е одличен тренер и прекрасна личност. Ќе видиме како ќе играм во Лион. Во секој случај верувам дека кажа убави работи за мене.“