„Ние утре го играме своето финале, бидејќи сакаме да бидеме први!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал утре го дочекува Дортмунд во последното коло во ЛШ, а пред средбата има 2 бодови помалку од германскиот тим. Двата клубови осигураа место понатаму, но Реал со победа би бил прво место.

„За нас ова е финале. Играме дома и сакаме да одиграме голем натпревар. Нема никакво размислување и математика, сакаме д абидеме први во групата.“

„Сите се подготвени освен Бејл. Разбирам дека ве интересира и статусот на Џејмс, а тоа е нормално кога не го игра секој натпревар. Но, тој е многу важен играч за нас и сфаќам дека сака да игра повеќе со Бензема. Работи напорно и дава се од себе.“

„Многу организиран и професионален тим. Морам да ја пофалам работата на тренерот. Тој тим бара успеси и секогаш сака да победи.“

Зидан опиша и како тој се чувствува како тренер на Реал.

„Сметам за себе дека сум среќен. Го работам тоа што го сакам секој ден и тоа во голем клуб. Но, тоа не е само среќа, тука е и многу работа и страст. Јас сакам фудбал.“

За ова даде коментар и Серхио Рамос, од кој новинарите бараа да коментира за моменталната истрага за затајувањето на данок на Роналдо, Модриќ и Ковачиќ.

„Тоа се чувствителни работи. Јас верувам во закон и правда. Не зборуваме многу за тоа.“

„Наша обврска е да се бориме за секое натпреварување, но не зборуваме за никаков императив дека мораме се да освоиме.“

Рамос даде коментар и за својот тренер.

„Зидан ја има таа магија. Откако стигна, атмосферата се смени, динамиката е одлична, а тоа е негова заслуга. Горди сме на него.“

Се наврати кратко и на „Ел Класико“ во кое постигна гол со кој му донесе бод на Реал Мадрид.

„Тој гол го посветувам на мојот син. Фотографијата од тој гол ќе ја носам со себе.“

Рамос го пофали и својот соиграч Роналдо

„Кристијано имаше фантастична сезона и мора да ја освои Златната топка. Тој на цел тим му дава мотивација. Мадрид е горд што го има. Мислам дека е најважен играч во историјата на Реал.“