Ништо од дуел меѓу Ѓоковиќ и Дел Потро


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Летонскиот тенисер Ернест Гулбис славеше убедливо со 3:0 против фаворитот на овој натпревар, Аргентинецот, Хуан Мартин Дел Потро.

Гулбис со одлична игра во која реализираше 25 асови, славеше со 3:0 по сетови (6:4, 6:4, 7:5) и со тоа си закажа дуел со Новак Ѓоковиќ во третото коло.

Со пласманот во третото коло Летонецот го повтори својот најдобар резултат на Вимблдон. Треба да се спомене фактот дека Дел Потро целиот натпревар го одигра со болки во колкот и доста тешко се движеше.

Французинот Гаел Монфис исто така славеше победа од 3:0 против Кајл Едмунд. Монфис со 7:6, 6:4, 6:4 без некои потешкотии се пласираше во третото коло.