Ништо од останувањето на „Сан Сиро“ – Милан се откажува од Делуфеу!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Делуфеу се прероди откако дојде на позајмица во Милан.

Тимот од Англија одлучи да го испрати на позајмица овој фудбалер до крајот на сезоната и тоа се покажа како правилен потег. Делуфеу конечно заигра во вистинска форма и со своите игри ја воодушеви јавноста.

Познато е дека овој 23-годишен играч има договор со Евертон на уште 2 сезони, а Милан веднаш покажа интерес да го откупи. Проблем е тоа што Барселона има клаузула за него од 12 милиони евра.

Милан прво понуди да го откупи неговиот договор од Евертон, но Барселона направи проблеми во тоа. Тие сакаат да го вратат овој фудбалер во Шпанија, но сеуште немаат официјален став искажано.