Новак Ѓоковиќ – Дуелот помеѓу Федерер и Надал е повеќе од тенис!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер смета дека тенисот доби многу со враќањето на Надал и Федерер во борба за Грем Слем трофеите.

Швајцарецот го победи Шпанецот во 5 сетови во финалето на АО пред неколку денови и ја освои 18-та Грен Слем титула.

„Не сум изненаден затоа што од Федерер секогаш може да очекувате дека ќе игра на највисоко ниво кога е здрав. Беше 6 месеци надвор од теренот поради повреда, но се врати свеж и подготвен. Играше одлично, можам само да му честитам.“

„Финалето помеѓу него и Надал е еден од најголемите настани во тенисот. Надал играше добро, двајцата покажаа дека се големи шампиони во и надвор од теренот. Тоа е голема работа за тенисот.“