Новак Ѓоковиќ – Се надевам дека Шарапова повторно ќе биде прва!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ во интервју за медиумите изјави дека му е мило што се враќа Шарапова на терените.

„Во одлични односи сме, таа е мој добар пријател и се надевам дека повторно ќе биде прва тенисерка во светот затоа што тоа го заслужува. Не играше повеќе од 1 година, но се видовме неколку пати и мило ми е што е среќна и што се смее.“

„Знае да ужива во животот без тенис, но возбуден сум што ќе се врати наскоро. Многу ја почитувам, таа е вистински спортист.“

Шарапова по суспензијата се врача на турнирите на крајот на април, најпрво во Штутгарт, а доби и вајлд-карта за турнирот во Мадрид.