Новиот Атлетико на Симеоне – Ова е списокот кој го достави во тимот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Има многу јасни намери, Атлетико не е на нивото од минатите сезони, но со овие играчи ќе им се спротистави на Барселона и Реал.

Диего Симеоне дефинитивно останува наредната сезона во Атлетико. Клубот се сели на нов стадион, а Симеоне сака да биде дел од тоа, па ќе видиме дали ќе го задржат Гризман.

Ако тој остане, тогаш нема да има промени во нападот.

Во случај да замине, со 100 милиони би можеле да го донесат Кавани или Санчез.

Останатите играчи не се на продажба, а на листата на тренерот се уште неколку играчи.

Прв е Фабињо од Монако кој може да игра како десен бек или дефанзивен играч за врска,

Освен него, од позајмица ќе се врати Ернандез кој одигра одлична сезона во Алавеш и ќе конкурира за место на левата страна на теренот.

Атлетико го сака и Витоло од Севиља кој исто така може да игра на пар позиции, а бидејќи заминува Тиаго, тие имаат потреба од креативен играч во средината, а мета е Камп од Леверкузен.

Останати промени нема да има, Хименез ќе го напушти клубот, а како што стојат работите, намерата на Атлетико е да им биде конкурент на Барселона и Реал.