Нови рекорди за Лина!


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа напредуваше за 12 позиции и во моментов се наоѓа на 210-то место, што е најдобар пласман досега во нејзината кариера.

    Исто така, таа има напредок и во конкуренција на двојки и моментално се наоѓа на 146-то место.

    Можеби во моментов и единствената светла точка во македонскиот спорт во периодов, Ѓорческа во сингл конкуренција напредуваше до 210-то место со 249 поени.

    Во двојки Ѓорческа напредуваше за 29 позиции и сега е 146-ти рекет.

    Во наредната недела се надеваме на подобрување на нејзиниот пласман во двојки бидејќи 100-те бодови кои ги освои со титулата во Сен Мело ќе и бидат доделени наредниот понеделник.

    Се надеваме дека Лина ќе продолжи и понатаму со одлични игри и ќе ни носи уште многу радосни вести.