Нов гол на Алиоски: Лидс го растури Вест Бромвич и се врати на врвот на табелата (Видео)


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Екипата на Лидс со 4:0 славеше убедлива победа во дерби пресметката против Вест Бромвич Албион.

Избраниците на Марсело Биелса одиграа уште еден натпревар како по ноти и сосема заслужено ги прокнижија трите бодови кои беа од екстремно важно значење во битката за пласман во Премиер лигата.

Уште по 15 секунди Лидс дојде до предност преку Пабло Ернандез кој со одмерен удар го совлада Џонстон.  На 2:0 зголеми Патрик Бамфорд во 38. минута од средбата и со тој резултат се замина на пауза.

Третиот гол повторно беше дело на поранешниот фудбалер на Челси, додека четвртиот гол за Лидс го постигна нашиот Џани Алиоски во самиот финиш од средбата.

Ова за Алиоски е вкупно седми погодок во дресот на Лидс Јунајтед оваа сезона.