Нов договор за Кварезма!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој ќе биде фудбалер на Бешикташ до 2020 година.

Рикардо Кварезма го продолжи договорот со Бешикташ на уште 3 години, а тоа значи дека ќе остане таму до 2020 година.

„Горд сум што ќе играм за ваков клуб.“

Бешикташ  се одлучи на ваков чекор, иако крилниот фудбалер премина во зрели играчки години, а за неговите услуги ќе мора да подготви и добра плата.

Првите две години Кварезма ќе добива по 2.1 милион евра, а третата ќе добие 1.75 милиони.

Тој постигна 1 гол и 9 аситенции во 17 натпревари за Бешикташ оваа сезона.

Бешикташ е прв на табелата и има 2 бодови предност пред Башакшехир.