Ова е новиот список на Јирген Клоп


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот стручнак сака да го освежи малку својот тим, се очекува еднои доаѓање во наредниот период, но и неколку заминувања.

Ливерпул може до крајот на овој преоден рок да доведе неколку фудбалери, причина се почестите повреди со кои се среќава Јирген Клоп, како и други причини поради што му изостануваат играчи во важните натпревари.

Клоп пред неколку месеци истакна дека сака да доведе напаѓач или крилен фудбалер, а од тогаш почнаа шпекулациите кој може да биде ново засилување.

Се споменува, можеби и најмногу од сите, Квинси Промс, фудбалер на Спартак од Москва, но Холанѓанецот најверојатно ќе остане во клубот, иако имаше убедливо најмногу докази дека ќе премине во Премиер лигата.

Сега се споменува фудбалер на ПСЖ, Хесе Родригез, кој не доби премногу шанса да игра во Париз после трансферот кој го оствари од Реал Мадрид.

Тој бара клуб во кој може да оди на позајмица, а досега интерес покажаа Лас Палмас, Валенсија, Милан и Рома.

Темуе Бајакоко е нов фудбалер које на мета на Јирген Клоп, ако се верува на поедини англиски медиуми. Се работи за играч на Монако кој во оваа сезона е одличен, игра на позиција последен играч за врска, па тоа е една од причините поради тоа што се сомневаме дека ќе направи трансфер во Ливерпул баш и не се потребни фудбалери на таа позиција.

Во претходните денови се споменуваа Алекс Оклејд Чембрлејн, денеска уште повеќе. Германски Билд пренесува дека Клоп е заинтересиран за играчот на Арсенал и дека брзо многу да направи голем трансфер за крилниот фудбалер.

Мислите дека тоа би било добар потег за сите?

Од останатите случувања во Ливерпул, издвојуваме дека во тек се преговори со Адам Лалана околу нов договор, како и дека Лукас Леива е на излезните врати поради тоа што има понуда на маса од страна на Интер.