Ова е сцена која не успеавте да ја забележите: Навивач на Арсенал влета на теренот и го удри Смолинг (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал денес во големото дерби славеше против Манчестер Јунајтед на „Емирати“ со 2:0.

Меѓутоа, сенка на победата на домашниот состав фрли еден навивач, кој се најде на теренот по прославата на погодокот на „Топчиите“.

Не дојде за да го прослави погодокот со остатокот на екипата. Пропратно го удри дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Крис Смолинг кој не сакаше да реагира.

Навивачот брзо го заврши своето на теренот. Обезбедувањето го спречи во натамошните активности, и беше уапсен и приведен во полициска станица.

Она што е сигурно е дека тој долго нема да може да дојде на меч на Арсенал. Клубот веќе најави санкција, а за среќа мина се без поголеми инциденти.