Ова може да го направат само Англичани – 31 милион евра за играч кој не игра?!


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Рома го фрли мамецот, а Јирген Клоп се фати на него.

Рома во очај бара пари за да го купи Франк Кеси од Аталанта, а со тоа сака да му се одмазди на Јуевнтус за некои претходни трансфери.

Медиумите пишуваат дека Леандро Паредес е на мета на Ливерпул.

Играчот кој ретко добива шанса кај Лучијано Спалети бил наводно мета на неколку англиски клубови во претходните денови и се споменуваше дека неговата цена ќе биде 15 милиони евра, но најновите информации велат дека Ливерпул може да плати 22.5 милиони фунти плус 4 милиони за бонус.

Звучи неверојатно, но од Англичаните навистина не може ништо да не изненади.

До крајот на преодниот рок останаа уште помалку од три денови, па наскоро ќе дознаеме дали има вистина во овие шпекулации.