Ова нема смисла, Баерн донесе еден од најдобрите играчи во БЛ, и тоа пред нос на Клоп!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Така го прават тоа, платија 30 милиони, донесоа одличен играч за врска, им земаа 2 важни играчи на Хофенхајм, а Ливерпул остана со празни раце.

Џулијан Брандт е нов играч на Баерн, барем така тврдат некои медиуми.

Долго време беше поврзуван со Ливерпул, а Клоп силно го сакаше во екипата, но Баерн направи нешто што го прави веќе со години. Едноставно, платија 30 милиони на Леверкузен и повторно земаа играч од својот конкурент.

Така беше со Левандовски, Геце, Хумелс, пред Брандт го договорија и Шуле и Руди од Хофенхајм и така ја убија цела конкуренција во Германија.

За тоа неодамна зборуваше Мурињо кој смета дека на Баерн му е полесно да ги купи најдобрите играчи и така да стигне до трофејот во првенството.

Нема Баерн да сопре тука, тие го сакаат Верати како најголемо засилување во редот за врска, а дали ќе видиме уште некој играч во тимот не се знае затоа што е споменувам Лукаку, како и Џејмс Родригез.

Сепак, нема да има големи промени во тимот, освен што заминува Лам, а ќе биде продаден и Даглас Коста кој не е во добри односи со тренерот.