Одегард заминува од Реал: Забележан на трибините на својот нов клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мартин Одегард стана вистинска сензација кога стигна во Реал Мадрид.

Овој 17-годишен играч неодамна го имаше својот прв старт за Реал Мадрид, а во јануари тој би можел да ја смени средината.

Реал сака да го испрати на позајмица, а младиот фудбалер оваа зима би можел да стане фудбалер на Рен.

Дека договорот за позајмица е блиску до реализација зборува и фактот дека Одегард го гледаше Рен од трибините против Сент Етјен.

Реал ќе ја плаќа неговата плата од 100.000 евра неделно, но францускиот тим ќе добие добро засилување во јануари.