Одличен натпревар во Нимес, Ди Мариа како Шаќири погоди директно од корнер (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на ПСЖ ја запиша четвртата победа во четвртото коло во францускиот шампионат откако со 4:2 славеше на гостувањето кај Нимес.

Парижаните беа доминантен тим и по првите 45 минути имаа водство од 2:0. Нејмар го отвори резултатот во 36. минута, а на 2:0 зголеми Ди Марија со гол директно од корнер.

Кога се мислеше дека ПСЖ лесно ќе го добие овој натпревар домаќините со два гола во 63. и 71. минута израмнија на 2:2 и го натераа фаворитот да се испоти за нова победа.

Сепак, квалитетот на крај се покажа на дело па ПСЖ преку Мбапе и Кавани стигна до нова предност од два гола.