Одлична асистенција на Барди, без победник дербито на Валенсија (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипите на Леванте и Валенсија ги поделија бодовите откако одиграа без победник на денешното градско дерби (2:2).

Навивачите можеа да видат прекрасен натпревар исполнет со четири погодоци и неколку стопостотни шанси.

Први до водство стигнаа домаќините со голот на Роџер во 13 минута, но по само три минути Валенсија преку Черишев изедначи на 1:1.

Роџер потоа погоди уште еднаш искористувајќи ја одличната асистенција на Енис Барди за 2:1. Конечниот резултат го постави Парехо од пенал.