Одлична партија на Ристовски против Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски конечно доби шанса да се докаже во првиот состав на Спортинг.

Десниот бек ретко добиваше шанса од Жезус, но по повредата на првата опција, Пичини, нашиот фудбалер се најде во комбинација за натпреварот со Јувентус.

Ристовски одигра одличен натпревар и 90 минути беше константна пречка за Марио Манџукиќ кој беше немоќен покрај нашиот фудбалер.

Од настапот на Ристовски воодушевен беше и тренерот на Спортинг, Жорге Жезус кој по натпреварот не штедеше пофални зборови за десниот бек и истакна дека во него добиле нов квалитет за во иднина.