Од Интер јавуваат: Ако не сака Дибала, сака некое друго име од Јувентус…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нема ништо од размената помеѓу Јувентус и Интер за која се зборуваше изминативе недели. Нереална е, Мауро Икарди не му е потребен на Јувентус, а ниту Дибала не би прифатил да се пресели во Интер, тој гледа кон Мадрид или Париз.

Јувентус по се судејќи ќе го продаде Диего Коста, него го посакуваат Јунајтед и Интер, некогашниот играч на Баерн го загуби местото во тимот, Бернардески има предност, Коста и кога ќе закрепне ќе биде резерва.

Покрај тоа, некои работи надвор од теренот кои во другите клубови се простуваат, во Јувентус најчесто е сигнал за заминување, повредениот Коста направи сообраќајка, не беше пијан, но во Јувентус му замерија што воопшто патувал на една прослава.

Во секој случај, од Коста и Алекс Сандро можеби и Дибала, Јувентус сака да ги донесе Марсело и Кијез, овој вториот сака во Јувентус, како што се наведува од таму понудиле 70 милиони евра, но „Лилаковите“ бараат поголема сума.

Втората опција е Заниоло од Рома, неговиот трансфер би можел да дојде предвид ако Рома не влезе во Лигата на шампионите и ќе мора да покрие загубите.