Од Каталонија бес и гнев: Поради Пинтус и Зидан, итно да се одземат последните две титули на Реал Мадрид…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Барселона не престануваат нападите на Реал и Серхио Рамос. Имено, медиумите сметаат дека УЕФА треба да има храброст и мора да му ги одземе на Реал последните две шампионски тритули во ЛШ, а смислија цела приказна, делува како теорија на заговор, меѓутоа две имиња постојано се повторуваат.

Едното е Зинедин Зидан, а второто Антонио Пинтус.

За потсетување со Зидан и неговиот персонален тренер, Пинтус, Јувентус на средината на 90тите стигна до три финалиња во ЛШ во низа, добија едно, загубија од Дортмунд и Реал.

Но, се проби аферата на која вниманието кон себе го насочи Зденјек Земан.

Во прашање е допинг, односно користење на недозволени средства, потчно ЕПО, за да се засили издржливоста на играчите. Докторот на клубот, Рикардо Агрикол прво беше осуден, а по поднесената жалба беше ослободен.

Пунтус беше кондиционен тренер во Јувентус во таа доба, подоцна го следеше Зидан, а кога Французинот го презема Реал, повторно го доведе со себе.

Очигледно, каде е Пинтус, тука има и контроверзии, имено случајот од Кардиф и допингот на Серхио Рамос кој е ставен под „чергата“, како и неговото одбивање да оди на допинг контрола по мечот со Малага го зголемија сомнежот.

Пинтус со пристигнувањето на Лопетеги ја загуби работата, го замени Оскар Каро, но Солари повторно го врати контроверзниот стратег за физичка кондиција.

Поради тоа, како што заклучуваат Каталонците ова не може да биде случајност и на последните сите титули во ЛШ, на Реал паѓа сенка, а УЕФА според нив е соучесник во целата приказна бидејќи добро знае што се случило.