Остар удар: Касано удри немилосрдно по Ванда…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Антонио Касано дозволи себеси во медиумите да ја нападне сопругата на Мауро Икарди.

Ако некој е интересен во медиумите во Италија и ако има некој кој носи голема читаност, тогаш тоа сигурно е Ванда Нара.

Таа е често тема во медиумите, се појавува на телевизија, сака да биде во центарот на вниманиети и тоа по секоја цена.

Многумина сметаат дека проблемот со Мауро Икарди кој моментално го има во Интер откако му беше одземена капитенската лента е предизвикан благодарение на Ванда која ја извршува функцијата на негов менаџер.

Така мисли и Антонио Касано.

„Личноста која ја предизвика катастрофата е таа. Таа на Икарди му носи проблеми, она креираше се да се врти околу него. Да решиме – ти, Ванда зборуваш премногу, ниту си тренер, а премногу ги користиш и социјалните медиуми“, истакна Касано.