Официјално: Алваро Мората нов фудбалер на Атлетико Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од Атлетико Мадрид го потврдија трансферот на 26 годишниот напаѓач, Алваро Мората кој на „Ванда Метрополитано“ доаѓа од редовите на Челси.

Мората за „Јорганџиите“ ќе настапува во следните 18 месеци како позајмен фудбалер од редовите на Челси.

„Многу сум среќен и горд што сум тука. Со нетрпение очекувам да почнам со тренинзи со моите нови соиграчи и едвај чекам да заиграм“ –истакна Мората на прес конференцијата.

Напаѓачот кој од Челси се врати во Мадрид помина четири години во академијата на Атлетико, а низ младинските категории на клубот настапуваше и со еден од капитените на четата на Симеоне, Коке.

Во новиот клуб Алваро Мората ќе го носи дресот со број 22.