Официјално: Алиоски нов фудбалер на Лидс Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Она што се шпекулираше во последните недели доби и официјална потврда- Езгјан Алиоски е нов фудбалер на Лидс Јунајтед.

Одличниот македонски репрезентативец со клубот кој оваа година ќе атакува на место кое води во Премиер Лигата потпиша четиригодишен договор.

Интерес за Алиоски имаше и од редовите на Базел, но сега веќе поранешниот играч на Лугано се реши за славниот англиски клуб.

Алиоски своето деби би можел да го има на пријателскиот натпревар против Инглоштад кој ќе се игра во недела.