Официјално: Арсенал донесе засилување од одбраната


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Грчкиот интернационалец Сократис Папастатопулос е нов фудбалер на Арсенал откако денес од клубот и официјално го потврдија неговиот трансфер.

30 годишниот фудбалер на „Емирати“ пристигнува од редовите на Борусија Дортмунд каде освои две титули во Бундеслигата. Претходно Гркот има настапувано за Вердер Бремен, Милан, Џеноа и АЕК Атина.

Сократис Папастатопулос во Арсенал ќе го носи дресот со број пет, а за целосно комплетирање на трансферот ќе се почекаат уште само некои формалности околу работната дозвола.