Официјално: Боатенг се врати во Сасуоло


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Некогаш големата фудбалска ѕвезда, Кевин Принс Боатенг чија кариера рапидно падна, се врати во Серија А.

Поранешниот играч на Тотенхем, Милан и Шалке минатата сезона ја помина во дресот на Ајнтрахт Франкфурт со кој стигна до трофејот во Купот на Германија.

Иако  со Франкфурт имаше договор до 2021 година, а сега го финализираше трансферот во Сасуоло. Со тоа брзоногиот фудбалер се враќа во Серија А каде имаше забележителни настапи за тимот на Милан.

Официјалното претставување на Боатенг ќе биде во текот на утрешниот ден.

Во Сасуоло доаѓа како замена за Матео Политано кој пред неколку дена и официјално направи трансфер во Интер.