Официјално – Димитри Паје потпиша за Марсеј!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Димитри Паје е нов фудбалер на Марсеј.

Одличниот 29-годишен фудбалер по долги преговори конечно ги помина лекарските прегледи во клубот, па доцна во ноќта потпиша договор на 4 и пол години.

Паје по година и пол се враќа во тимот.

Стигна од Вест Хем, каде што играше фантастично. Сепак, на почетокот на овој месец одби да игра за тимот.

Побара и трансфер во Марсеј, а тоа на крајот му беше одобрено.

Англискиот тим за овој трансфер ќе заработи 25 милиони фунти, а овој фудбалер своето деби би можел да го има во петок, кога Марсеј гостува кај Мец.

За Вест Хем има одиграно 60 натпревари и постигнато 15 голови.