Официјално: Евертон донесе уште еден фудбалер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Евертон денес официјално го претстави своето трето засилување во зимскиот преоден рок.

По Морган Шнајдерлин и Адемола Лукмен, во Евертон стигна и Антон Донкор кој доаѓа од Волфсбург.

Донкор во Евертон ќе остане на позајмица до крајот на сезоната, а најверојатно ќе настапува за младиот тим и ќе ја чека својата шанса во првиот тим.

Овој фудбалер од средината на теренот има само 19 години и во минатото настапуваше за сите селекции на Волфсбург, но никогаш за првиот тим.

Донкор дебитираше за репрезентацијата на Германија до 20 години, за која одигра 4 натпревари.