Официјално: Кузмановски ја продолжува кариерата во Германија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец и ракометар на Еурофам, Филип Кузмановски на крајот на сезоната ќе се пресели во германски Магдебург.

Германскиот тим официјално потврди дека потпишал договор со Кузмановски, кој сезонава ќе ја заврши со тимот на Еурофарм Работник.

Кузмановски во Германија треба да остане три години, колку што потпиша договор со Магдебург, чија управа е среќна што потпишала договор со него.

„Среќни сме што се договоривме со Кузмановски, кој е еден од најталентираните бекови во Европа“, кажа тренерот на германскиот клуб, Бенет Вејгерт.