Официјално: Наинголан останува верен на Рома


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот на Рома, Раџа Наинголан го продолжи договорот со Рома и на „Олимпико“ ќе остане во следните четири години.

Наинголан веднаш по потпишувањето на договорот истакна дека е среќен што ќе ја продолжи својата авантура со клубот.

„Мислам дека го демонстрирав тоа што отсекогаш го сакав. Многу сум среќен, посебно затоа што јас и клубот ќе ја продолжиме нашата авантура заедно“- коментираше Наинголан.

За белгискиот репрезентативец сериозен интерес имаше од редовите на Премиерлигашите, Манчестер Јунајтед и Челси.