Охриѓанецот Стојан Стојановски државен првак во тенис

На терените на тенискиот клуб „Југ“ од Скопје, во периодот од 27 до 30 септември се одржа државното првенство на Македонија за мажи (поединечно и двојки) и жени (поединечно).

Нови државни прваци во конкуренција на двојки се 19-годишниот Стојан Стојановски од тенискиот клуб „Охрид“ и 15-годишниот Ѓорѓи Јанкуловски од тенискиот клуб „Југ“ од Скопје.

Во финалето победија против искусниот Димитар Грабул и младиот Лука Андонов во 3 сета, иако на почетокот на вториот сет губеа со 6:1 и 2:0. Но, потоа освоија 6 гема во низ со што го зедоа вториот сет, а одлучувачкиот 3 сет го добија со 10:4 во тај-брек.