Парите го менуваат светот, но го менуваат и Вимблдон…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

 

Најатрактивниот и можеби најскапо платениот тениски турнир Вимблдон, започна и е во полн ек, но она што зарижива на почетокот е тоа што многу натпревари не се одигруваат до самиот крај,  а ако се прашувате која е причината и зошто е тоа така ќе ви појасниме: Парите.

Иако гледачите го искажуваат својот револт и негодување, бидејќи  платиле скапи влезници, тенисерите без некој поголем притисок си предаваат и откажуваат натпревари.

Еве, досега седум во машка и еден во женска конкуренција.

Најпрвин Новак Ѓоковиќ, а потоа и Роџер Федерер пред време ги завршија своите дуели со Мартин Клижан и Алекс Долгополов, бидејќи нивните противници го предадоа мечот поради повреда.

Иако е предвидено од оваа година тенисерите кои ќе се повлечат од натправарот пред неговиот почеток ги задржуваат парите што ќе ги добијат од настапот, има еден важен исклучок каде што оваа правило не важи за четирите Грен Слема.

На Вимблдон натпреврувачите добиваат по 35 000 фунти само за настап во првото коло, што подразбира дека тие мораат да се појават на теренот. Затоа поголемиот дел од нив иако имаат повреди не го откажуваат учеството бидејќи сумата на пари не е незначителна.

Па така во првите два дена се откажаа многу натпревари.