Пензија и солзи на очите: Борусија му ја уништи кариерата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германската јавноста остана изненадена со одлуката на Алвар Домингуез, 27-годишниот фудбалер кој поради постојаните проблеми со повреди реши да ја заврши кариерата.

Домингуез најмногу проблеми имаше со грбот, а откако ја заврши кариерата одлучи да ја отвори душата и да го обвини својот клуб дека го присилувал да игра, иако тој не можел да го издржи притисокот.

„Борусија е виновна за се. Овој клуб ми ја уништи кариерата и најавувам тужба. По првите болки во грбот, лекарите не открија вистинска опасност, туку со инекции ми помогнаа за натпреварите и ми зборуваа да не се грижам. Додека на теренот бев професионалец, надвор од него бев инвалид.“

„Мојата вистинска здравствена состојба ја откри др.Милер Волфарт кој не можеше да верува дека играм во ваква состојба. Сега е доцна за се.“

Тој претходно настапуваше за Атлетико Мадрид, со кој 2 пати ја освои ЛЕ, а во Борусија играше од 2012 година.