Перез во тоалет ја убедувал ѕвездата на Ла Лига да премине во Реал!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Перез е познат како човек кој не бира средства за да дојде до целта, а својата цел скоро секогаш ја исполнува.

Многумина му се смееја кога вети дека ќе ги направи „Галактикоси“, а потоа во Реал дојдоа Фиго, Зидан, Роналдо, Бекам, Овен…

Се обиде тој да го донесе и играчот на Бетис, Јоакин Санчез, а го убедуваше во тоалет.

Тие се сретнале за време на собирањето на репрезентацијата на Шпанија и разговарале во тоалетот, а деталите по многу години ги откри Јоакин.

„Раул му рече на Перез: Овој играч мора да го носи белиот дрес, а тој му одговори: ќе разговарам со неговиот претседател.“

Сепак, овој фудбалер никогаш не заигра за Реал Мадрид.