Перез нема нерви повеќе – ќе руши светски рекорд и тоа за тренер!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, наскоро ќе го избрка Хулен Лопетеги и потоа ќе го урне светскиот рекорд за трансфери.

Доколку „кралевите“ загубат од Барселона во „Ел Класико“, тогаш Лопетеги дефинитивно ќе добие отказ, а потоа на клупата ќе пристигне Солари како привремено решение.

А, потоа следува главната акција. Перез ќе тргне по потписот на Маурицио Покетино од Тотнем. Претседателот Даниел Леви не го пушта, но Реал е подготвен да плати 50 милиони евра за договорот на тренерот.

Останува да видиме дали ќе се реши навистина Перез на таков потег и дали ќе понуди трипати повеќе пари, откако Роман Абрамович во минатото плати за Андре Вилаш Боаш.

На Тотнем во моментов му оди многу добро во Премиерлигата, па имаат 21 бод колку и Арсенал и Челси, а пред нив се Манчестер сити и Ливерпул со два бодови предност.