Пирло откри што очекува од Роналдо во Јувентус!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Јувентус, Андреа Пирло, кажа дека Кристијано Роналдо ќе го подобри тимот на „бјанконерите“ и ќе успеат конечно да стигнат до трофејот во Лигата на шампиони.

„Кристијано Роналдо може на Јувентус да му донесе дополнителен квалитет. Тоа му треба на Јувентус. Среќен сум што таков шампион пристигна во Јувентус. Тој е играч кој може на Јуве да му ја донесе титулата во Лигата на шампиони“, вели Пирло.

Пирло со „Старата дама“ стигна до финалето во Лигата на шампиони во 2015. година, но тогаш од италијанскиот гигант беше подобра Барселона.