„Пласманот во ¼-финале е важен чекор!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне смета дека неговиот тим со пласман во ¼-финале направил многу важен чекор.

Атлетико во реванш натпреварот одигра 0:0, но се пласираше понатаму затоа што имаше предност од 4:2 од првиот натпревар.

„Пласман во ¼-финале е важен чекор, но само мал чекор за нас, за овој клуб и за ова натпреварување.“

„Работите и играчите се менуваа кај нас во текот на минатите четири години, но секогаш го даваа максимумот на теренот. Тоа е важен чекор, затоа што сакаме да напредува. ЛШ е посебна и многу е важно за тимот да се наоѓаме помеѓу 8-те најдобри.“