Плашете се од „Брадата“: Харден постигна дури 61 поен против Сан Антонио! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Хјустон рокетс го победија Сан Антонио спарс на свој терен со 111-105, со неверојатниот настап на Џејмс Харден, кој постигна дури 61 поен, а притоа имаше и седум скокови.

Харден беше ептен расположен од стартот на натпреварот, па во првата четвртина постигна 27 од вкупно 36 поени, а до полувреме имаше 37, па на крајот го изедначи рекордот на франшизата од Тексас.

Исто така, со девет постигнати тројки, стигна до бројката од 1979 и се искачи на 10-то место на вечната листа на НБА-лигата.

Хјустон во моментов има 46 победи и 27 порази, па ќе се бори за третата позиција на Западот, додека Сан Антонио останува осми на табелата со 42 триумфа и 31 пораз.