„ПЛ има само 2 играчи од светска класа“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот играч на Јунајтед, Рајан Гигс смета дека тимовите од Англија повеќе немаат играчи од светска класа, како пред 10-на години.

Веќе долги години, тимовите од ПЛ не успеваат да направат добри резултати во Европа, а Гигс верува дека причината е јасна.

„Повеќе нема квалитет во клубовите, како што беше тоа во период од 2005 до 2012 година кога имавме одлична низа во европските натпреварувања.“

„Изгледа дека најдобрите играчи играат на друго место.“

„Освен Алексис Санчез и Серхио Агуеро, тешко дека може да најдеме уште некој играч од светска класа во англиските клубови во ЛШ.“