Повеќе психологија отколку фудбал, на Конте му го направија истото што тој им го правеше на легендите!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ако се сетиме на цела приказна, психолозите би можеле да го објаснат мотивот. Конте во тренерската кариера направи нешто што му го направија тие во 2004 година.

Тери го напушта Челси, но ако се вратиме во минатото на Конте му се случи истото, а тој како тренер продолжи по тој пат.

Кога Капело го превзема Јувентус во 2004 година од Липи, неговиот прв потег беше да го тргне Конте од тимот, но и тој му претставуваше конкуреција на Емерсон кој стигна со Капело од Рома.

Конте замина со многу лутина, но не ја продолжи кариерата, туку се пензионираше и почна да работи како помошник во Сиена, пред да ја добие првата работа во 2006 година.

И тој замина како легенда на клубот, а многу навивачи тоа му го замерија.

Се зборува дека Конте бил главен во отстранувањето на Дел Пиеро од Јувентус и тоа навивачите никогаш не му го простија.

Човекот кој го наследи како капитен во 2004 година замина по освоената титула, но ретко играше и не му беше продолжен договорот.

Дел Пиеро, за разлика од Конте не го остави фудбалот, туку се пресели во Австралија и играше неколку сезони за Сиднеј. Не се врати во Јувентус на некое управителско место, а и понатаму постојат многу верзии за караниците со Ањели, но и Конте поради што е надвор од клубот.

Поради тоа не треба да чуди зошто заминува Тери, но не во пензија. Конте сака од него да се ослободи, иако многумина веруваат дека ветеранот требало да седи на клупата и да ја заврши кариерата во Челси.

Едноставно, Конте и понатаму има проблеми со авторитетот, па Тери ќе замине од тимот. Но за разлика од Дел Пиеро, тој можеби ќе игра против Челси.

Има понуда од ВБА, но и Борнмут кој би сакал да го види во својот тим.