Погба не престанува да го провоцира Мурињо: Јас никогаш не бев тоа што ти ме тераше да бидам …?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вчера во големото дерби како гости славеа над Тотенхем со 1:0 во рамки на 22. коло во англиската Премиер лига.

„Црвените ѓаволи“ се наоѓаат во неверојатна серија откако отказ заработи Жозе Мурињо, а неговот место го презеде Оле Гунар Солскјер. Јунајтед веќе има шест победи во низа, и се приклучија кон екипите од врвот на табелата. Иако до неодамна се бореа за осмата позиција, сега се на шестата и имаат исто бодови како петопласираниот Арсенал.

Јунајтед и Тотенхем одиграа вистинско дерби, а јунак на крајот беше Давид Де Геа кој со фантастичните одбрани на својата екипа и донесе победа. Се истакна и Пол Погба со фантастичната асистенција за Рашфорд, па францускиот играч за врска преку ноќ заигра како препороден.

Очигледно Погба најмногу има полза од заминувањето на Жозе Мурињо, а и по синоќешниот меч ја искористи шансата да го „боцне“ Португалецот. Погба порача дека тој никогаш не бил одбранбен играч и дека е среќен што конечно има тренер кој тоа го разбира.

„Со тактиката и играта која претходно ја имавме беше тешко да се направи било што. Не сум одбранбен играч и мило ми е што Солскјер тоа го сфати. Позицијата која денес ја играв е онаа на која најдобро се чувствувам. Тренерот јасно ми кажа да одам во казнениот простор и да постигнувам погодоци. Конечно уживам играјќи фудбал“, истакна Погба.